Како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и ОВР Неготино, уапсени се Ќ.С.(28)  и И.С.(23) од село Корешница, Демиркаписко.

Како што соопштија од МВР, при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле  пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана.

По документирање на случајот против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.