На 24 април во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“, управувано од А.Т.(22) од Скопје и патничко возило „пежо 107“, управувано од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле возачот А.Т. и сопатник од истото возило, З.А.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.