Нешто по полноќ на 25 април, е запален „мерцедес“, сопственост на чувар од затворот „Идризово“. Ова е петто возило во шест месеци што изгоре под чудни околности. Неофицијално, сомнежите се дека како и во сите претходно, така и во овој автомобил, пожарот е подметнат. Истрагата оди во насока дека нарачките за палење на автомобилите доаѓаат од затвореници.

„Мерцедесот“ бил паркиран во дворот на чуварот. Пожарот се случил два часа по полноќ во скопско Ново Село. Чуварот вработен во „Идризово“ го забележал пожарот и реагирал бргу.

„Љ. К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.