На 24 април во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Куманово, во атар на с.Долно Количани, скопско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.Ц.(43) од Штип, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка С.Ц.(42), двете од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.