Ноќва околу полноќ во Тетово на улица „Радован Цонич“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.Б.(53) од Тетово.

Таа била пријавена од нејзиниот 66-годишен сопруг, дека околу 17.30 часот во нивниот семеен дом физички ја нападнала нивната малолетна ќерка, а при нападот зела и остар предмет, со кој при обид да ѝ го земе од рацете, нејзиниот син се пресекол.

Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.