Вчера околу 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Романовце, во с.Романовце, патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ш.(23) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот.

По несреќата, возачот К.Ш. бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.