Четири лица, меѓу кои и еден малолетник се повредени во крвавата пресметка меѓу соседи од две семејства во Чаир средата вечер.

Како што соопштија од МВР, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ф.(38) и С.Н.(31), двајцата од Скопје, кои се сомничат дека во плац на бул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје учествувале во физичка пресметка помеѓу две семејства – соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети.

Со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27).

Повредените биле пренесени во болницата „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.