Како што најави Бојан Јовановски на Инстаграм, Орце Камчев ја повлече тужбата за Зоран Милевски Кичеец. Ова беше објавено на денешното рочиште во кој бизнисменот ги тужи Бојан Јовановски и Катица Јанева и им бара 1.5 милиони евра. Тој смета дека толку го оштетиле во случајот Рекет.

Покрај нив, тужени се и поранешното СЈО и Обвинителството за организиран криминал.

„Тужената Јанева од т.н. СЈО на 13.10 2018 година одржа прес 16 месеци отакако помина законскиот рок објавува истраги за случаите Империја, Поштенска банка и Базни станици. Сите предмети немале никаква допирна точка со предметот на работа на СЈО туку предмет биле незаконските прислушувани материјали за кое било формирано СЈО. Во сите предмети осомничени биле познати стопанственици. Веднаш потоа на сцена стапил Јовановски, кој бил во блиски релации со Јанева и проистапил кон овие стопанственици со барање за соработка, да платат реклами во 1ТВ. Очигледна била спрегата меѓу нив да се отворат предмети за бидат извлекувани средства. Од Камчев се барал да плати реклами, да финансира шопинг молови и старечки домови.Кога тоа го одбил на сцена стапува Јанева со предлог притвор“, вели адвокатот Александар Михајловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.