Околу 16 часот избувна нов пожар кај селата Бучници и Ајватовци, на територијата на Општина Илинден во борова шума и се шири со голема брзина. Ангажиран е еден Ер трактор за гасење на пожарот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Денеска околу 16:00 часот избувна шумски пожар кај село Бучинци и Ајватовци – општина Илинден во борова шума. Се шири со голема брзина. Покрај пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита ангажиран е и еден Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), велат од ЦУК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.