На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишија од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија. Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.