Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и в сабота, од 8 до 16 часот.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.
Исто така в сабота ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 8 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.