СВР Тетово информира дека изминатата ноќ, десетина минути по полноќ, полицајци од Одделението за внатрешни работи Гостивар уапсиле 43-годишен жител на гостиварско, кој претходно физички нападнал 55-годишна гостиварка, со која бил во љубовна врска.

„Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што во координација и консултација со јавен обвинител, ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, велат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.