Кумановските пожарникари гаселе пожар на два објекти изминатово деноноќие соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Вчера во ноќните часови гореле куќа и магацин на две одделни локации.

Територијалната противпожарна единица интервенирала од 21:10 до 22:40 часот во Долно Којнаре и гасела пожар во магацин со едно возило и пет пожарникари

Втората интервенција била на улицата „Романовска. Пожарникарите интервенирале на пожар на куќа час и половина во периодот од 22:40 до 00:15 часот со едно противпожарно возило и петмина пожарникари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.