Полициски службеници на МВР во содејство со полициски службеници на СВР Тетово и Државен инспекторат по труд спровеле акциска контрола во угостителски објекти во тетовско.

Имено, од МВР информираат дека вчеравечер (24/25.10.2022) во периодот од 23.35 часот до 01.20 часот, во тетовско Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од тетовско Боговиње, извршена била акциска контрола.

-При контролата, од слобода бил лишен Г.Б.(52) од Хрватска, затоа што кај него бил пронајден кокаин, а затекнати и поради нелегално вработување приведени се и П.О.(20) од Украина и Ј.Ѓ.(29) од Србија. Трите лица задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот – се вели во соопштението на МВР.

Вчера исто така, била спроведена и акциска контрола во Гостивар.

-Полициски службеници на МВР, СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар и Државен инспекторат по труд, вчера (24.10.2022), спровеле акциска контрола и во Гостивар и околу 11.00 часот, поради злоупотреба на туристичкиот престој, приведени се Џ.А.(39), Ш.У.(43), В.У.(46), С.Д.(46), сите од Република Турција, Р.К.(54), Г.Б.(56) и А.Ј.(41), сите од Република Албанија и М.Р.(55) од Република Србија. Покрај овие лица, поради попречување на полициски службеници во извршување на службени дејствија, во 12.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар e приведен Ј.З. од гостиварско Чегране – информираат од МВР.

Сите се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.