Санкциониран е возач кој на автопатот Велес – Неготино возел 211 километри на час на место со ограничена брзина до 120 километри на час, информираа денеска од СВР Велес.

Денеска полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај од СВР Велес, при вршење контрола од областа на сообраќајот, на автопат ,,Пријателство”, патен правец Велес-Неготино, меѓу изречените мерки за брзина, санкциониран е возач кој управувал патничко возило со брзина од 211 км/час, на место каде брзината е ограничена на 120 км/час, појаснија од СВР Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.