Во Штип синоќа во 23:50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Штип и од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.К.(18) од Штип.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, две дробилки, дигитална вага и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.