Две жени пријавиле дека биле нападнати од нивните партнери во последните два дена во Скопје.

На 23 април во 13:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода Е.К.(36) од Скопје, затоа што на 22.04.2023 во домот физички ја нападнал неговата 24-годишна сопруга. Од СВР Скопје велат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23 април во 22:15 часот, пак, во СВР Скопје, 35 – годишна скопјанка пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер О.М.(34).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.