Три лица се повредени, од кои двајца потешко, во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Тетовско.

Во 08.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат од с.Градец кон с.Боговиње, кај с.Пирок, патничко моторно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(19) од с.Градец, излетало од патот и удрило во ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото П.А.(20) од с.Градец, а со телесни повреди се здобила Е.Б., констатирани во
Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Во 12.54 часот, пак, во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Гостивар-Тетово, во близина на Пирочки натпатник, патничко моторно возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(57) од Гостивар излетало од коловозот и удрило во ограда. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.