Две лица се тешко повредени во сообраќајката што се случила вчеравечер на локалниот пат Скопје-Велес, во атар на нас.Дрма.

Во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патничко моторно возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(53) од Кочани, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Ж.М.(55) од Кочани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.