На 02.06.2022 во ОВР Прилеп, Г. Ј (48) од Прилеп, пријавил дека на 02.06.2022 околу 11.30 часот во амбулантата за спортска медицина лоцирана во Центарот за јавно здравје Прилеп, пријавителот- доктор бил физички нападнат од страна на В. Д. и И.С., вработени во ЈЗУ Општа болница Прилеп.

На 03.06.2022 во ОВР Прилеп, К. С(47), директор во ЈЗУ Општа болница Прилеп пријавила дека на 02.06.2022 околу 11.00ч. додека пријавителката била во Одделот за спортска медицина, заедно со комисијата на Болницата, со цел физичко дислоцирање на Стрес-тест апарат, истата била физички нападната од докторот Г. Ј. бидејќи се противел на интерната одлука за дислокација на апаратот и ги спречувал службените лица во вршење службено дејствија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.