Денеска (28.02.2024) околу 10:35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку СМС порака добиле закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Денеска (28.02.2024 година) околу 10:00 часот добиена е пријава за поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.