Вчерашниот пожар на куќа во Охрид сеуште во очите на вниманието на јавноста. И покрај тоа што Екипите на Територијалната против пожарна едница во Охрид, веднаш излегоа на терен, како што велат биле попречени да ја извршуваат својата работа, пишува порталот Охрид 1

Екипите веднаш излегоа на терен со 4 возила, при што е затекнато големо опожарување на објектот. Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа, која е прилепена до опожарениот објект. Пожарникарите гаснеа во отежнати околности, со голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот. Храброста и пожртвуваноста на Охридските пожарникари е очигледна. За среќа нема повредени лица, објавија на официјалната Фејсбук страна од ТППЕ.

Видеото од пожарот погледнете го овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.