-На 13.05.2023 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево привеле малолетник од с.Батинци, постапувајќи по пријава според која на 12.05.2023 во вечерните часови во с.Батинци, скопско, во близина на џамијата, нападнал друг малолетник од истото село и му нанел повреда со остар предмет.

Повредениот е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Како што информираат од МВР, со пријавениот малолетник во присуство на родител е извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.