Возач со „бмв“ вчера попладне прегази жена-пешак во Велес.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“, на место викано „Багремче“, во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(39) од Велес, удрило во пешакот Ц.М.(77) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во Општа болница Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.