Четириесетгодишна кавадарчанка пријавила во полиција дека од страна на НН лице била доведена во заблуда дека ако вложи пари во странска банка, ќе добие голема камата и награда од еден милион долари, по што истата на лицето му дала на рака околу 12.000 евра, а подоцна уплатила во наводната странска банка повеќепати разни суми на пари, со вкупна вредност од 1.080 евра. Материјална штета, околу 800.000 денари.

Вкупно 44 случаи на измама се регистрирани на подрачјето на СВР Велес во 2023 година, во кое влегуваат и четирите општини од Тиквешкиот регион. Од нив,  20 измами  се преку интернет. Ова за МИА го потврди портпаролката од овој Сектор за внатрешни работи, Билјана Ѓаковска. Од МВР за МИА информираа дека на ниво на држава, минатата година, според нивните статистички податоци, има 268 кривични дела измама, од 252 сторители.

Најголемата штета пријавена поради измама во Тиквешкиот регион е 2.790.000 денари, во врска со градежна измама.

И измамниците и жртвите на измама се повеќето мажи 

Во друг случај, се работи за 29-годишен жител на неготинско село.

Тој пријавил дека на социјална мрежа добил покана за пријателство од профил, ја прифатил поканата и во разговор, лицето го убедило дека имало заштеда во странска земја 2,8 милиони долари, а бидејќи немало лицето семејство и стекнало доверба во него, ќе му ги дало него. По извесно време контактирал со лице кое се претставило дека работи на аеродром, кое побарало од него да уплати 1.350 долари за царина на куферот. Тој уплатил, потоа истиот човек побарал да уплати 2.800 долари за осигурување на стоката во куферот и тие ги уплатил.  Откако повторно му се јавил да уплати 3.800 долари наводно  за  антитерористичка проверка, пријавителот сфатил дека е измамен. Пријавената материјална штета била од 240.000,оо денари, појаснува Ѓаковска.

Во трет случај, пријавен во овој Сектор за внатрешни работи, 67-годишна неготинка, пријавила дека во нејзиниот дом дошла жена, која кажала дека има моќ да гледа (гата) и побарала да донесе златни предмети на кои истата гледала. Пријавителката и дала златен накит, предмети кои жената ги ставила наводно во перница на која пријавителката требало да преспие. Кога пријавената заминала, пријавителката проверила во перницата, а златото го немало. Материјалната штета била околу 100.000,оо денари.

Вработените во управата и правосудството вчера два часа ја прекинаа работата, а истото ќе го сторат и денес. За понеделник генерален штрајк најавија и вработените во образованието, науката и

Во одговорот на СВР Велес на прашања од МИА, се вели дека измамен бил и 83-годишен човек од неготинско село. Тој пријавил дека бил измамен од НН лице кое го замолило да му даде пари во денари, поради тоа што истото имало странски пари, а не можело да плаќа со нив.  Пријавителот му дал  14.800 денари, а лицето во замена му  го оставило ташничето во кое наводно ставило странски пари. Кога заминало лицето, пријавителот го отворил ташничето и видел дека немало пари во него. Материјална штета, од 14.800 денари.

Во секојдневното работење на полицијата, со средби и разговори со граѓаните, им се укажува и појаснува за формите на измами и секако околу постапките на кои треба да внимаваат, со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела, истакнува Ѓаковска за МИА.

Според пријавените случаи во велешкиот СВР, измамници биле повеќе мажи, како и жртвите, односно измамените.

За пријавени кривични дела „измама“, не се забележува појава, иста личност да е повеќепати пријавувана како сторител, пишува во одговорот на прашањата на МИА.

Во СВР Велес лани пријавени 44 измами, во Тетово 64, во Куманово 28

Според статистичките податоци што МИА ги доби од МВР,  лани биле пријавени  268 кривични дела измама, од 252 сторители. Во 2022  година, 344 дела од 304 сторители. За два месеца годинава, 31 кривично дело од 17 сторители.

Статистичките податоци што на наше барање ни ги доставија од СВР Велес, говорат дека во текот на 2023 година пријавени биле 44 случаи на измамени граѓани на подрачјето на овој сектор, а во 2024 година досега, пријавени биле 10 случаи на измами. Од пријавените 44 случаи на измами во 2023 година, 10 биле случаи на измами преку интернет, додека во тековната година, засега  немало пријавени измами преку интернет.

Во Кавадарци во 2022 година имало 24 пријавени кривични дела за измами, во
2023 година 13, а до 15 март годинава, четири пријавени кривични дела за измами.

Во Неготино во 2022 година биле евидентирани 13 пријавени кривични дела за измами, во 2023 година 17, до 18 март оваа година, две пријавени кривични дела за измами.

Полициски служебноци синоќа ја привеле Б.Д.(39) од Скопје, осомничена дека од јануари до август 2022 измамила две лица од Гостивар и едно од кумановско за вкупна сума од 9.700 евра, соопшти М

Во Демир Капија, во 2022 година биле регистрирани две пријавени кривични дела за измами, а во 2023 и 2024 година засега, немало пријавени кривични дела за измами.

Во 2022 година, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавени биле вкупно 40 измами, а во 2023 година 64 измами. Во првите два и пол месеци од оваа година, биле пријавени 11 измами. Пријавените измами биле со најразлична содржина, природа и карактер. Голем број од минатогодишните измами се однесувале на резервирање на угостителски објекти за наводно организирање на семинари и други манифестации што никогаш не се случиле, наплатени и никогаш неиспорачани пелети, дрва или други огревни материјали.

Покрај ова, во периодот за кој станува збор, се бележат и е – измами поврзани со нарачки на различни видови текстилни, конфекциски или технички производи, барање пари за наводни медицински услуги, лажно претставување дека се странци и дека им се случила сообраќајна несреќа па немале пари да ги платат добиените медицински услуги и друго. Најголемиот број од измамите се целосно расчистени и заокружени со соодветни поднесоци по член 247 од Кривичниот законик, одговараат од СВР Тетово.

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитетот за информатички наук

На подрачјето на СВР Куманово, според податоците што ги добивме оттаму,  од почетокот на 2024 година досега,  биле регистрирани седум измами. Во 2023 година, биле регистрирани 28, додека во 2022 година, 34 измами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.