Полицијата до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Битола затоа што во период од месец март до месец септември 2022 година извршил седум кривични дела од кои една разбојничка кражба, четири кражби, една тешка кражба и едно загрозување на сигурноста со опасно орудие, сите на подрачјето на Битола, при што влегувал во куќи и станови и одземал пари, златен накит и други предмети со што се стекнувал со противправна имотна корист.
Последното кривично дело М А. го извршил на 27.09.2022 во Битола, каде заедно со друго лице со цел да прибават противправна имотна корист сториле кривично дело “Разбојничка кражба“ во берберница, при што одзеле пари од касата и физички го нападнале сопственикот.
Од собраните материјални докази и извршените оперативни проверки и извршени разговори со пријавителите и сведоците, како и извршено препознавање од нив, М. А. е лишен од слобода, приведен во полициска станица Битола, при што истиот дел од кривичните дела ги признал во целост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.