На 26.08.2022 во 15.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.И.(28) од Скопје, поради кривично дело насилство.

Според пријавеното, околу 15.00 часот, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката – информираат од МВР.

Од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.