СВР Тетово информира дека по полноќ била приведена жителка на градот, која претходно физички нападнала полициска службеничка која извршувала работни задачи.

Настанот се случи на булеварот „Маршал Тито“.

Ноќеска (24 август) десетина минути по полноќ, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници ја лишиле од слобода 45-годишна жена од Тетово затоа што физички нападнала полициска службеничка која извршувала службени дејствија. Таа е задржана во Полициската станица Тетово и ќе се соочи со поднесок – информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Во истиоти период десетина минути по полноќ полицијата бележи физички напад врз 38-годишна жена, за што бил приведен 46-годишник од Тетово инаку нејзин роднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.