Ноќва во 00.40 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-с.Пирава, во близина на место викано „Страиште“, патничко моторно возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.В.(19) од с.Јосифово, удрило во дива свиња.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од с.Удово, констатирани во ЈЗУ-Здравствен дом Валандово.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.