Ноќва во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат – обиколница во Скопје, во близина на клучка Мирковци, патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки, управувано од Х.Ч.(23) од Република Косово, излетало надвор од коловозот.

Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Скопје. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, велат од МВР.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.