Вчера во 14 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „173“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Ф.И. од тетовско Новаке, удрило во малолетничка од тетовски Пирок, извести СВР Тетово.

Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.