Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изрази уверување дека Катар ќе биде одличен домаќин на Мундијалот што почнува в недела, но осврнувајќи се на нетипичниот термин истакна оти се противи во иднина светските првенства да се одржуваа во зима.

Сигурен сум дека Светското првенство ќе биде одлично организирано. Катарците се прекрасни домаќини и организатори, но доколку ме прашувате за во иднина никако не сум тоа да се одржува во зимски месеци, изјави Чеферин за словенечките медиуми.

Првиот човек на УЕФА изрази надеж некоја од европските репрезентации учесници на Мундијалот во Катар ќе ја освои светската титула.

Се надевам дека барем една европска земја ќе игра во финалето и оти европска земја ќе биде шампион, рече Чеферин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.