Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека барањата на Русија мора да се исполнат за житото да стигне до оние на кои им е потребно.

Kоментирајќи го денеска постигнатиот договор за продолжување на испораката на жито преку Црното Море, Чавушоглу појасни дека барањата на Русија мора да се исполнат за да се обезбеди пристап до храна за оние на кои им е потребна, јави Анадолија.

„Турција не ја брани Русија, но е свесна дека ова е договор во кој мора да се исполнат барањата на Русија за житото да стигне до оние на кои им е потребно“, рече Чавушоглу на прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.