Напаѓачот кој отвори оган во геј клуб во Колорадо Спрингс, Колорадо, убивајќи петмина и рани 18 лица, е идентификуван како 22-годишниот Андерсон Ли Олдрич.

Масакрот се случил во клубот Кју, а осомничениот е повреден и во притвор. Се уште не е познат мотивот за нападот.

Окружниот обвинител Мајкл Ален на прес-конференција во Колорадо Спрингс изјавил дека имало само еден напаѓач.

Доколку повеќе осомничени бидат идентификувани и уапсени, тие информации ќе ги споделиме со јавноста, рече тој.

Новинарот на Еј-Би-Си, Арон Катерски, објавил на Твитер објава од Канцеларијата на шерифот на округот Ел Пасо во која се вели дека Олдрих бил обвинет за закани со бомби кон неговата мајка минатата година и дека кај него биле пронајдени повеќе оружја. Тој изјави дека се уште истражуваат дали се работи за кривично дело од омраза.

Началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Адријан Васкез, изјави за новинарите дека младиот осомничен влегол во клубот и веднаш почнал да пука од пиштол.

Додека напаѓачот беше во клубот, најмалку двајца храбри луѓе во клубот се бореа со него и успеаја да го спречат да продолжи да убива и повредува гости. Ние сме им многу благодарни, рече Васкез на прес-конференцијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.