Сведокот-соработник во судењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, Бојан Хрватин открива бизарни детали за тоа како двајцата лидери на криминалниот клан ја проверувале лојалноста на сите оние кошто сакае да се придружат на групата.
Беливук и Миљковиќ, лично учествувале во речиси сите егзекуции, а покрај нив, според Обвинителството за организиран криминал, во крвавите злосторства учествувале и 11 нивни најблиски соработници. Според извор на српски „Курир“, само „избраните“ можеле да отидат во куќата во Ритопек, каде што се извршувале егзекуциите и која членовите на криминалната група ја нарекле „кланица“.
Беливук и Миљковиќ не му верувале на секој од членовите на групата и во куќата во Ритопек дозволувале да дојдат само луѓе од нивна најголема доверба. Таа доверба била стекнувана преку таканаречените завети – вели изворот.
Тој објаснува дека сведокот-соработник во обвинителството зборувал за тоа како функционирале заветите, објаснувајќи дека пред да го изврши кривичното дело во кое учествувал, прво морал да „ги извалка рацете со крв“ заедно со другите членови на групата.
Без такво нешто не постои некоја голема доверба во никого, едноставно тоа е така на улица. Можете „да бидете другарчиња“ колку сакате, но за да се биде дел од сериозните работи, додека човек, во навијачка смисла, не се истепа со некого, дури немаме три-четири тепачки заедно во кои си го чуваме грбот, нема доверба. Додека не крвавиме заедно или додека не убиеме некого, нема доверба – се наведува изјавата на Хрватин во обвинителниот акт против кланот, напишан на 322 страници.
Бојан Хрватин беше уапсен неколку месеци по останатите членови на групата и се согласи да соработува со обвинителството за намалување на казната. Тој детално ги опишува убиствата на Лазар Вукичевиќ, Александар Глигоријевиќ, Здравко Радојевиќ, Горан Величковиќ и Милан Љепоја извршени до Беливук и неговите соработници.
Врз основа на договорот со обвинителството тој треба да биде осуден на 15 години затвор, а во обвинението против кланот се наведени имињата на оние членови на групата кои успеале да ја добијат довербата на лидерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.