Три лица се уапсени во Истанбул во врска со убиството на шефот на турската мафија Халил Фаљали. Еден од нив е Мустафа Сојлемез, шефот на криминалната организација позната како „Браќата Сојлемез“ и уште двајца негови соработници.

По убиството, тројцата со глисер заминале од Северен Кипар во Турција, каде за момент на пат кон брегот биле фатени и од безбедносните камери.Тројцата се на распит во полициската управа во Истанбул.

Возачот Мурат Демирташ го загуби животот за време на нападот, Халил Фаљали облеан во крв со возило на брза помош е пренесен во болницата во Никозија. Му била дадена континуирана масажа и вештачко дишење. И покрај сите интервенции, Фаљали починал во болница. Главниот доктор на болницата проф. Имал повеќе прострелни рани од глава до пети, и не можело да се спаси. Од телото на Фаљали биле извадени 16 куршуми.

Организираното убиство се случило во населбата Чаталкој. Халил Фаљали, поседува хотели, казина и бизниси за виртуелно обложување надвор од Кипар.

Тој како нешто да претчуствувал па неодамна го зголемил бројот на чувари и патувал со оклопно возило. Откако го ставил семејството во блиндираното возило, за прв пат по подолго време патувал со друго возило.

Додека конвојот од три возила, од кои едното му припаѓаше на неговите телохранители, се приближувло кон вилата во Чаталкој, по тесниот и мрачен пат се забавил поради возило што го блокирало патот.

Првиот напаѓач, кој излегол од возилото кое го блокирало патот, прво отворил оган кон возачот Мурат Демирташ, а потоа и врз Халил Фаљали, кој седел на предното седиште од возилото. Тој бил застрелан со калашников. Во оклопното возило зад неговото семејство и третото возило со неговите телохранители не било пукано. Напаѓачите брзо избегале од местото на настанот со две возила, од кои едното било изнајмено, додека чуварите се обидувале да го обезбедат семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.