Татко ми не се самоуби, убеден сум, вели Немања Паниќ од Омољица, син на Драго Паниќ, српскиот работник кој беше пронајден мртов на бродот „MSC Adelaide“ во Џенова. Немања вели дека татко му е убиен затоа што видел нешто што не треба.

Немања во најтешките денови за семејството најде сила да каже нешто за српските медиуми, бидејќи, како што наведува, многу му должи на својот татко. Покрај тоа што го загубија столбот од куќата обвинувања му ја продлабочуваат болката.

Мајка ми беше повикана од фирмата во понеделникот. И рекле дека починал. Татко ми не се самоуби и тоа не го кажувам затоа што не можам или не сакам да прифатам дека си го одзел животот, туку затоа што го познавав и добро знам каков беше неговиот став за такви работи – вели Немања.

Тој инсистира дека неговиот татко бил убиен.

Подготвен сум на се и можеби никогаш никогаш да не ја дознаеме вистината, бидејќи мртвите усти не зборуваат – вели Паниќ .

Иако не е сигурен дали некогаш ќе ја дознае вистината, Немања е сигурен дека знае што е лага.

Еве нека ми ја покажат таа порака, да видам дали е ракопис на татко ми. Јас би препознал, знам како пишувал, конкретно знам како ја пишуваше буквата р, па знам дали го направил тоа. Веќе знам дека тоа никогаш нема да се случи. Немаше проблем со некој друг, со никого не се расправаше, мирен, смирен човек. И, таму кога го прашав како е, никогаш не се пожали – вели Немања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.