Амбасадорот на Србија во Португалија, Оливер Антиќ загина денеска во несреќен случај откако паднал од карпа во градот Кашкаишу во близина на Лисабон, соопшти локалната противпожарна служба.

Портпарол на противпожарната бригада не ги коментираше околностите на несреќата, само наведе дека службите за брза помош пристигнале на местото на инцидентот околу 13.30 часот и го пронашле 72-годишниот Антиќ жив, но тешко повреден.

Лекарите се обиделе да го спасат, но тој им подлегнал на повредите, изјави портпаролот.

Антиќ е роден во Белград, студирал право и почнал да работи како универзитетски професор во 1975 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.