Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 10.003 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се вкупно 60.264.
Меѓу нив 2.067 пациенти на болничко лекување, а на респиратор има 190 пациенти. Починаа 54 лица.
На брзите тестови позитивни се повеќе од 5.000 луѓе.
До денеска тестирани се вкупно 4.267.694, а 19.734 во последните 24 часа, па уделот на позитивни изнесува околу 50 отсто. Во хрватска од последиците од корона вирус, досега починаа 13.947 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.