Видеото на кое се гледа како човек напаѓа помладо девојче, за кое се наведува дека е негова ќерка, кое на крај и го шутира по стомакот додека лежи на земја, ги вознемири белграѓани.

Видеото на „Твитер“ го сподели Идор Јуриќ, татко на убиената Тијана Јуриќ и претседател на истоимената фондација, кој најави дека кривично ќе се гони насилникот.

Уште едно брутално насилство на татко врз ќерка. Добив информација дека се работи за семејство кое доаѓа од Кина. Ќе поднесеме кривична пријава и против овој монструм, најави тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.