Три трговски центри, четири студентски домови, Музејот на Југославија и некои други објекти во центарот на Белград денеска добиле дојава за бомби, јави допсиникот на МИА од Белград.

Бомби денеска била пријавена во трговскиот центар Ада мол -Галерија, БИГ Раковица, како и во Бео шопинг трговскиот центар, соопштија од Министерството за внатрешни работи,по што сите вработени и посетители се евакуирани.

По дојавата дека во студентските домови „Студентски град“, „4 април“, „Слободан Пенезиќ“ и „Вера Благојевиќ“ во Белград биле поставени бомби, припадниците на МВР излегле на терен и по детална проверка на антидиверзантските екипи било утврдено дека пријавите за поставените бомби се лажни, соопштија од Министерството за образование.

Од истите причини денеска беше евакуиран и Музејот на Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.