Главниот обвинител на српското Специјално обвинителство за високотехнолошки криминал, Бранко Стаменковиќ, во врска со истрагата за лажни пријави за бомби во училишта низ Србија, рече дека досега се откриени повеќе малолетници од странство кои користеле различни програми за комуникација – од оние што се вградени во компјутерски игри, до оние што постојат независно и бараат посебна инсталација и поставување.

„Во овој случај се користеше една таква програма „Дискорд“. Оваа програма е многу популарна кај играчите, особено затоа што комуникацијата преку неа е заштитена со индустрискиот стандард за крипто-заштита. Со тоа е отежнато следењето на таа комуникација, но не е невозможно, изјави Стаменковиќ за Политика.

Според него, во извршување на кривични дела на различни начини учествувале повеќе малолетници од странство.

„Досега, според нашите сознанија, полицијата и обвинителствата на тие земји гонеле тројца малолетници, по еден во Чешка и БиХ, додека третата земја во моментов не можам да ја откријам од процедурални причини. Можам да кажам дека таа е земја од нашето опкружување“, истакна Стаменковиќ.

Стаменковиќ објасни дека малолетниците се поврзале поради заеднички интерес во одредена видео игра што ја играат. Тој изјави дека истражните органи се особено загрижени поради тоа што децата на возраст од 12 до 14 години се гледаат како сторители на кривични дела.

Поради лажни пријави за експлозивни направи во училиштата во Србија, досега кривично се гонети седум лица – четири малолетни и тројца возрасни. Дополнително, поведена е постапка и против шест родители поради, според надлежното основно обвинителство, сомнение дека ги напуштиле децата поради грубо занемарување на образованието, пренесува Политика.

Дискорд е апликација која луѓето ја користат за комуницирање, слична на Скајп. Таа доживеа огромна слава за време на пандемијата, клога милијарди луѓе низ светот останаа затворени во своите домови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.