Го претчувствував ова, секогаш му велев дека ќе го убие. Поминав 28 години во брак со неа, имаше ситуации кога ме нападнала и со нож. Му реков дека ќе го повреди и убие, ама тој ми велеше дека таа е неговата љубов, единствената на светот…

Вака за „Блиц“ раскажува Миљаин Љутиќ, поранешниот сопруг на Тереза ​​Перовиќ, жената која во вторникот вечерта прво го заспала со седативи, а потоа и го заклала и со моторна пила го исекла на парчиња својот сопруг Срѓан (42). Деловите од долните екстремитети и гениталиите, пак, му ги ставила во тенџере и ги сварила.

Шестнаесетгодишната ќерка на Тереза и Миљаин спиела во друга соба, а кога се разбудила наишла на хорор. Миљаин во тој момент бил на само стотина метри, во неговата куќа заедно со нивниот син, осумнаесетгодишниот Дамир, кому веднаш му заѕвонила неговата сестра.

Седев на креветот, син ми беше до мене, кога наеднаш стана и вели „Ајдееее, мама го уби Срѓан“. Мислев на шега… Отиде во другата соба за да зборува на телефон и го слушам како вели: „Дали е мртов?“. Го прашувам: „Кој е мртов?!“ и тој ми вика „ништо, ништо“. Мислев дека сето тоа е шега. Замина веднаш и по кратко се вратија со ќерка ми. Таа плаче, не може да се смири, вели „да, мама го уби Срѓан, му дала лекови, го заспала, па му го пресекла вратот“. Рече дека тој дошол при себе и се обидел да побегне полека и крвав. Ќерка ми ја видела како полека го убива со нож. Тоа го направила пред очите на детето! Дури кога го убила, го избркала детето надвор, раскажува шокираниот татко.

Како што објаснува, девојката тогаш го повикала својот брат Дамир.

И викаа: „Мамо отвори, ќе викнеме полиција“ и таа им ја отвориla вратата. Дамир видел отсечена нога на страна. Bила толку свесна што на двајцата им дала „бенседин“ (лек за смирување). Им рекла: „Ќутете, ќе го зготвам, па ќе го фрлам, вие одете“, раскажува тој.

Децата потоа дошле кај него дома, му кажале сè и потоа повикале полиција.

Мислев дека ќе се убие и самата. Децата велат дека слушнале моторна пила кога излегле од дома. Го сечела парче по парче и го зготвила… Полицијата начекала страшна глетка, додава тој.

Тој вели дека неговата ќерка била хоспитализирана на психијатрија веднаш по хоророт што го видела, но по неколку часа била пуштена дома.

Ќерка ми не е добро… излезе од болница, но треба да оди на психолог. Сега бевме во Центарот за социјална работа, вели тој.

Миљаин вели дека се сомневал дека може да се случи нешто страшно, бидејќи Тереза и ​​претходно била насилна и се обидувала да го убие Срѓан, а и себеси.

Му реков дека ќе го повреди и убие, а тој ми велеше дека таа му е единствената љубов на светот. Многу се сакаа… Таа замина, го остави, а тој ја враќаше и така …Понекогаш ќе ми речеше: „Ќе ме убие, одведи ја некаде“, за после пак да се врати и да вели дека не може без неа. Еднаш Тереза се обиде да го убие и него и себе со апчиња. Таа заврши во болница, тој се извлече. Вториот пат кога се обиде да се убие себеси и него, му го запали брачниот кревет додека тој спиеше…, раскажува поранешнио сопруг.

Тој тврди дека го предупредил Срѓан дека Тереза ​​е „опасна по живот“.

Но, тие се сакаа, цело време се бакнуваа, не гледаа кој е околу нив. Одеа секаде заедно. После таа почна да работи, делуваше како средена, како да почна да грижи за себе и за него…, вели тој.

Се сомнева дека мотивот за убиството е тоа што Срѓан не сакал кај нив да живеат нејзините деца од првиот и вториот брак.

Тој им викаше на моите деца: „Што доаѓате овде, одете кај татко ви да јадете“. Не ги сакаше нејзините деца, само неа. Мислам дека тоа го уби токму поради децата, многу ги сакаше, а не можеше да ги има покрај себе зошто тој не дозволуваше. Таа навистина го сакаше, но не можеше да живее со мене, не можеше да живее со него, не можеше да живее без децата, и ете сме…, смета првиот сопруг на Тереза.

Како што додава „Блиц, Срѓан ја донел дома Тереза, која зад себе има два брака и четири деца, во својата куќа за време на пандемијата. Дотогаш живеела во непосредна близина, во тешки услови со децата и вториот сопруг, но ги оставила него и децата и се вселила кај Срѓан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.