Летната сезона и доаѓањето на голем број на туристи во Албанија ги зголемија случаите на коронавирус пренесува А2 Си Ен Ен. Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина се позитивни. Пациентите со денови се соочуваат со зашеметеност, болки во грлото, треска и замор.

Доколку пациентите ги почувствуваат овие симптоми матичниот лекар препорачува брз тест за Ковид. Лекарите велат дека оваа недела 40% од пациентите кои го направиле брзиот тест се испоставило дека се заразени од Ковид-19. Враќањето на децата на училиште и температурните промени се очекува да ги зголемат случаите на Ковид, покрај другите вируси кои циркулираат.

Но, лекарите велат дека ситуацијата не е загрижувачка. Ковид-19 ја намали својата агресивност и болеста во оваа сезона наликува на блага состојба на грип.

Позитивните случаи во овој период се многу повисоки од официјалните бројки бидејќи не се тестираат сите кои имаат симптоми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.