Српската јавност е револтирана откако се појави видео на кое се гледа како ученици од Техничкото училиште во Трстеник малтретираат професорка.
Ovo je odraz društva u Srbiji.
Kada sam ja išao u školu,profesor je bio poštovan. pic.twitter.com/gm41GBsCfq— Armagedon (@ZoranIl77273998) November 16, 2022
Насилниот инцидент се случил пред неколку дена. Директорот на училиштето рече дека се активирани сите дисциплински мерки против учениците кои учествувале, го снимале и го споделувале видеото на социјалните мрежи.
Александар Марков од Форумот на белградските средни училишта насилството врз професорите го коментираше како страшно и додаде дека покрај дисциплинската постапка, случајот требало да биде пријавен и во полиција.
Овде, покрај училишната недисциплина, имате и елементи на психичко и физичко насилство, колешката е на работа, што може да резултира со кривични казни за учениците во некоја кривична постапка, рече Марков.
Нападнатата професорка моментално е на боледување. Како што пренесуваат српските медиуми, таа нема физичка повреда, но самиот инцидент и коментарите кои следеа, длабоко ја вознемириле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.