Црна Гора наскоро би можела да го повлече признавањето на независноста на Косово, вели Жаклин Настиќ, пратеничката на левицата во германски Бундестаг, додавајќи дека не ја исклучува можноста тоа да се случи дури откако земјата ќе стане членка на ЕУ, пренесува РТ Балкан.

Во опширно интервју за подгоричката „Адриа ТВ“, Настиќ вели дека повлекувањето на признавањето на Косово ќе ѝ создаде на Црна Гора пречки на патот кон ЕУ.

„Морам да признаам дека не верувам оти Црна Гора ќе го повлече признавањето на Косово во блиска иднина. Како членка на НАТО и кандидат за влез во ЕУ со големи шанси да стане членка на унијата, повлекувањето на признавањето би ѝ создало пречки на патот. Ова неодамна го потврди новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ. Можно е повлекување на признавањето, но дури по влезот во ЕУ. Сепак, и многу членки на ЕУ сè уште не го признаваат Косово, вклучувајќи ги Шпанија, Грција, Романија, Кипар и Словачка,“ вели таа.

На прашањето дали во иднина и Германија би можела да го промени ставот по прашањето за независноста на Косово и да го повлече признавањето, Настиќ не верува дека такво ешто би се случило во блиска иднина.

„Не мислам дека германската влада наскоро ќе го промени ставот за Косово. Сегашната влада на Бербокова, ја следи традицијата на претходните влади на  Герхард Шредер и Јошка Фишер, кој го поддржа нелегалното бомбардирање на Југославија од НАТО,“ вели Настиќ.

Таа посочува дека, до денес, германските политичарите од „зелените“ без никакви докази тврдат дека Србија извршила геноцид на Косово.

„За нив е многу срамно што јас, како што ми рекоа, сум првиот германски политичар што учествувал на комеморацијата на годишнината од бомбардирањето на НАТО во Сомбор минатата година. Ова покажува колку е малку веројатно актуелната влада да го смени ставот“, вели Настиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.