Мажот (50) од Волос, кој во јануари со пушка уби 33-годишен Албанец, брат на неговата сопруга затоа што со години ја силувал неговата 18-годишна ќерка, поднесе барање да биде пуштен на слобода. Тој моментално се наоѓа во специјалното крило на затворот во Лариса, каде што нема затвореници поради тешки прекршоци, а секојдневно има контакт со своите три деца.
Тој првично беше осуден на домашен притвор по неговото признание, но поради „недоразбирање меѓу обвинителот и истражителот“ е вратен во затвор.
Првпат била малтретирана на деветгодишна возраст
Девојчето му кажало на својот татко дека била сексуално злоставувана од својата деветта година, а силувањето се случило на возраст од 12 до 14 години. Кога имала 14 години, му рекла дека ако продолжи, ќе го разоткрие, но како што пренесуваат грчките медиуми, кога и да му требале пари, тој се враќал и ја уценувал со видео снимки.
По грозоморното сознание дека неговата ќерка со години била силувана, а потоа уценувана, мажот земал ловечка пушка и се сретнал со својот девер. Тие се сретнале во Волос, каде што 50-годишникот го убил, а подоцна на полицијата ѝ признал што и зошто направил.
Не можев да издржам. Сакав тој лично да ми каже зошто го направи тоа. Зедов пушка со мене бидејќи знаев што беше мојот шура во минатото. Ја натерав сопругата да му се јави и да му рече дека ѝ е потребна помош да ја смени гумата на автомобилот на влезот во Волос, рекол таткото.
Се насмеа кога го прашав зошто ја силувал ќерка ми
Викав и го прашав зошто ја силувал и ја уништи ќерка ми. Виде дека имам оружје со мене, но не сакаше ништо да ми објасни. Само почна да се смее, а потоа почна да трча. Постојано менуваше насоки, а потоа се обиде да ме нападне и да ми го земе оружјето. За да се одбранам го удрив со задниот дел од пушката во пределот на главата и тој падна. Меѓутоа стана и повторно ме нападна. Така дојде до тепачката, се обиде да ми го земе карабинот, па во целата турканица беше повлечен орозот и истрелот го погоди во градите, објаснил таткото.
Освен заканувачки пораки, мобилниот телефон на девојчето содржи и видео снимки и фотографии од сцени со силување, па уредот бил испратен во форензички лаборатории за да ги извадат сите досиеја. Како што пренесува „Тахидромос“, се стравува дека дека не е само неговата 18-годишна ќерка жртва на 33-годишниот Албанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.