Маж од Крушевац и неговата партнерка се уапсени под сомнение дека сториле кривични дела против сексуалната слобода на штета на неговите малолетни ќерки од претходните бракови, а Основното јавно обвинителство и полицијата сега имаат тешка задача да утврдат дали е макро или принудил некој од нив на проституција, пишуваат српските медиуми.

Случајот е во фаза на преземање доказни дејствија, а се проверува дали сториле некое од кривичните дела: недозволени полови дејствија, дистрибуција на порнографски материјал или сексуална експлоатација.

Полицијата истражува за да утврди дали има елементи за обвинение.

Случајот е исклучително сложен, пред се поради семејните врски меѓу осомничениот и наводните жртви.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.