Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија ја повлекува вакцината BCG, како национален, одговорен производител и носител на лиценца за лекот, поради минимално отстапување од строгите барања на спецификацијата на лекот.  Станува збор за доброволно повлекување на серијата со број 2710822 од прометна територија на цела Србија, соопшти Министерството за здравство.

Согласно доставените информации од здравствените установи во Србија, Институтот „Торлак“ на 16.03.2023 година ги повлекол пронајдените количини од вкупно 834 ампули со вакцината.

– Ве известуваме и дека, со цел да се задржи континуитетот на задолжителната имунизација на пациентите и да се елиминира можноста за недостиг на предметниот лек, Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ истовремено ги снабди сите здравствени установи со соодветна количина БЦГ вакцина – се наведува во соопштението.

Споменатата серија е повлечена во рок од 24 часа и заменета со нова серија, и поради брзата реакција на надлежните органи, немало недостиг од споменатата вакцина, односно ниту едно породилиште не било загрозено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.