Србија од четврток ќе го запре извозот на пченица, пченка и брашно, соопшти српскиот претседател, Александар Вучиќ, за ТВ „Б92“.

Зборувајќи за сосотојбата со пченица и пченка, Вучиќ изјави дека се чека одлуката на Русија дали ќе го забрани извозот на тие две житарици.

Единствено каде што имаме предност се пченицата и пченката – изјави Вучиќ

Тој додаде дека од четврток нема да има извоз на брашно од Србија.

Вучиќ истакна дека ќе има доволно за себе и за регионот.

Не заборавајте дека се ова се надоврзува за короната. Луѓе умираат, а никој веќе не зборува за тоа затоа што целиот свет се руши околу нас – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател истакнува дека за тоа колку е тешка економската криза покажува тоа што ЕУ се подготвува за рецесија, а планиран е раст од четири отсто оваа година.

Трета година на рецесија за ЕУ. Мислам дека е реално нашиот раст да биде над четири отсто. Сите влегоа во некаква војна, веќе никој не размислува за своите интереси – изјави Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.